fbpx

Премиум АГС е основана како Премиум Ауто Зентрум и започна со работа во автомобилскиот бизнис во 2015 година како ексклузивен импортер на Land Rover и Jaguar за Република Македонија.

По две години успешна работа, производителот предложи 5-годишен договор Премиум Ауто Зентрум да биде официјален дистрибутер на возилата на Jaguar и Land Rover под капата на регионален импортер, кој Премиум Ауто Зентрум го одби поради неповолните финансиски услови.

По завршување на договорот со Jaguar и Land Rover, компанијата се посвети на нов концепт на работа: продажба на нови и користени автомобили, исклучиво од премиум брендови и со строго контролирано потекло. Со ова, Премиум Ауто Зентрум постави нови стандарди во продажбата на користени автомобили во Македонија и ваквиот концепт и ден денес е уникатен.

Кон крајот на 2018 година, Премиум Ауто Зентрум прави фузија со АГС Олмејк Џенерал Сервисис и формира компанија под ново име: Премиум АГС.

Со тоа, започнува ерата на Volvo Cars и Премиум АГС. Како компанија која планира цврсто и силно присуство во автомобилскиот сектор во земјата, Премиум АГС вложи во изградба на нов салон на Volvo Cars во Македонија, според највисоките Volvo стандарди, а во моментов располага и со уште еден објект – салон за возила, подготвен да вдоми нов бренд.

Покрај салоните, Премиум АГС располага со најсофистициран мултибренд сервис кој освен за волво е специјализиран и за брендовите Jaguar и Land Rover, а секојдневно прима возила и од сите останати брендови.